Секоја година „Mercer“ една од најголемите консултантски фирми за човечки ресурси во светот, го објавува својот индекс за квалитетот на живеење кој ги открива градовите кои обезбедуваат најдобар квалитет на живот како и градовите со најлош квалитет на живот.
Рангирањето е едно од најсеопфатните од ваков вид и се прави на годишно ниво. Целта е да им се помогне на мултинационалните компании и другите работодавачи да им компензираат на вработените кога ќе ги поставуваат на различни интернационални задачи. Индексот направил анализа на 450 градови низ светот, а во предвид се земени следните парамтери:
- Политичка и социјална средина (политичка стабилност, криминал, спроведување на законот)
- Економска средина (регулации за промена на валутата, банкарски услуги)
- Социо-културна средина (медиумска достапност и цензура, ограничување на личната слобода)
- Медицински и здравствени прашања (медицинска опрема и услуги, заразни болести, канализација, отстранување на отпад, загадување на воздухот)
- Училишта и образование (стандарди и достапност на меѓународни училишта)
- Јавни услуги и транспорт (струја, вода, јавен превоз, сообраќаен метеж)
- Рекреација (ресторани, театри, кина, спорт и рекреација)
- Производи за широка потрошувачка (достапноста на храна/дневно консумирање, автомобили)
- Домување (станови за изнајмување, апарати за домаќинство, мебел, услуги за одржување)
- Природна средина (клима, евиденција на природни катастрофи)
Ова се земјите кои се најдоа на дното на листата -
линк до галеријата.