X
 08.04.2018 Економија

Што ја одредува цената на нафтата?

Не постои возач што некогаш не се запрашал што ја одредува цената на нафтата? Всушност, во 70-тите години се мислело дека нафтата ќе биде премногу скапа, но нејзината цена паѓа.

На почетокот на овој век цената на нафтата била околу 30 долари за барел, пред околу 10 години и за време на војната во Ирак цената се искачи на над 100 долари. Но веќе наредната година паднала на 60 долари, во 2013 година се искачила на 100 долари, а во 2016 година паднала на 37 долари. За несреќа на посиромашните земји што живеат од нафтата, како што е Венецуела, нема да има значително поскапување во блиска иднина.

Што всушност ја одредува цената на нафтата?

Историски гледано, постојат неколку фактори што влијаат врз цената. Трошоците за експлоатација, геополитичкиот ризик што се јавува кога постои опасност од војна во некое важно нафтено подрачје и, секако, односот меѓу понудата и побарувачката. Овој однос понекогаш намерно се дестабилизира, на пример, кога земјата извозник на нафта одлучува да ја намали количината што ќе ја нуди на пазарот за да ја зголеми цената.

Но, во меѓувреме се појавија и два дополнителни фактори што значително ќе влијаат врз цената: подобрувањето на технологијата и пониските трошоци за методите на експлоатација во кои електричните возила ги заменија возилата управувани од мотори со внатрешно согорување.

Многу „нафтени држави“ се во неволја

Џим Вилијамс е аналитичар на цената на нафтата кој работи за „ВТРГ економикс“, а неговото мислење е дека двата нови фактори веќе ја поставија горната граница на цената на нафтата која тешко ќе биде надмината, освен во случај на криза, а особено на војна или револуција во некоја од главните земји произведувачи на нафта. На крајот на краиштата, тоа значи дека еднодимензионалниот економски модел по кој некоја земја целосно се потпира на нафтата што ја има повеќе не е одржлив.

„Од денес, па до 2025 година горната граница на цената ќе биде одредена од експлоатацијата и трошоците поврзани со вадењето на нафтата и други геолошки формации во кои е заробена нафтата“, вели Вилијамс. Клучната цена, според него, е сега некаде на 55 долари за барел. „Кога во Америка цената ќе достигне 60 долари за барел, компаниите што црпат нафта повеќе нема да избираат каде ќе дупчат. Ако цената падне на 30 долари и остане некое време, воопшто нема да се работи на нови дупчења. Ако се случи тоа, околу девет месеци подоцна, ќе дојде до опаѓање на понудата“.

Причината за тоа е што брзо се исцрпува подрачјето каде што се копа нафтата. „Производството е обично за 50 отсто помало втората година“. Единственото решение е постојано да се отвораат нови места за дупчење за да се задржи нивото на производство. Ако цената на нафтата е ниска, тоа нема да влијае врз производството на постојните платформи, но ќе го намали новото дупчење и истражување.

„Новата“ нафта ја поставува границата


55 долари е цена што на компаниите ќе им биде мотив постојано да бараат нови области и нови места за дупчење. Со текот на годините би довело до зголемување на американската експлоатација на нафта на околу еден милион барели дневно.

Ако приходите од нафтата се помали од државните трошоци, произведувачите од овие држави, имаат избор или да го зголемат државниот долг или да ја намалат државната потрошувачка и со тоа потенцијално да предизвикаат незадоволство меѓу граѓаните.

Доаѓа и електричниот погон


Вилијамс предупредува дека овие немири и можните револуции во земјите производители би довеле до скок на цената на нафтата, но возможно е и да предизвикаат долгорочно нарушување во понудата на нафтата. Вилијамс потсетува дека во Либија немало значително закрепнување во експлоатацијата на нафтата и седум години по соборувањето на диктатурата на Гадафи.

Според Вилијамс, електричните возила до 2030 година ќе бидат значајни во оваа индустрија.

Извор: Дојче веле
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија