Многу компании ги скенираат пораките од е-поштата на своите корисници за да ги унапредат производите, но понекогаш и нивните вработени мора да ги прочитаат пораките, а „Гугл“ нема ништо против тоа. Истото е и со другите провајдери на ваквите услуги, во чии услови на користење никаде не е забрането читањето туѓа пошта.
Вработените што работат за стотици компании што се занимаваат со развој на софтвер ги читаат приватните пораки на корисниците на „Џимејл“.
Пред една година „Гугл“ вети дека ќе го прекине скенирањето на пристигнатата пошта на своите корисници, но компанијата не направила многу за да ги заштити сандачињата од програмерите на софтвери.
Фото: Google
Корисниците на „Џимејл“ што се пријавиле за „услуга врз основа на е-поштата“, како што се „споредување на цената за купување“ и „автоматизирани услуги за планирање патување“, најчесто се во опасност нивните пораки да бидат прочитани.
Стотици програмери електронски ја скенираат поштата на луѓето што се пријавиле за некои од овие програми, а во некои случаи ги читаат и вработените. „Гугл“ одби да коментира.
Не е новост дека „Гугл“ и многу други врвни провајдери на услуги за е-пошта на трети страни им овозможуваат пристап до корисничките сандачиња, а во некои случаи и самите корисници им овозможиле пристап, а за возврат можат да ги користат нивните услуги. Надворешните апликации и страници можат да поминат низ процес на проверка.
Она што е нејасно е колку третите страни се придржуваат кон договорот и дали „Гугл“ ќе направи сѐ за тие да се држат до него, како и дали се свесни корисниците дека одредени компании можат да ги читаат нивните е-пораки.
Извршниот директор на „Едисон Софтвер“, Микаел Бернер, една од развојните компании што нуди апликација за организација на е-пошта, изјави дека неговите вработени ја прочитале е-поштата на стотици корисници на „Џимејл“ за да можат да создадат подобри функции. Извршниот директор на други компании изјави дека вработените читаат пораки и тоа станува вообичаена практика.
Компаниите потврдија дека можноста за читање на пораките е наведена во корисничките договори и додаваат дека се применуваат строги правила во врска со ракувањето со е-поштата.
Интересно е тоа што „
Гугл“ работи различно од „Мајкрософт“ или од другите врвни провајдери на услуги за е-пошта. Ништо во договорите за корисничката политика на „Мајкрософт“ или „Јаху“ експлицитно не им забранува на луѓето да ги читаат туѓите е-пораки.