X
 30.06.2019 Технологија

Наскоро ќе може автоматски да ги бришете податоците за вашата локација

„Гугл“ ја активира функцијата за автоматско бришење на историјата на локациите, иако ја објави во мај. Алатката доаѓа откако беше ставен акцент на приватноста на корисниците на една конференција за програмери, каде што компаниите како „Гугл“ и „Епл“ велат дека ќе почнат да ги активираат алатките што на корисниците ќе им овозможат поголема контрола врз податоците што ги споделуваат со компаниите или апликациите од трета страна.

brisenje

И двете компании се критикувани затоа што голем дел од работата околу заштитата паѓа на грбот на корисникот, односно тој сам треба да ги постави нагодувањата. Така, на пример, следењето на локацијата и активноста на интернет и активноста на апликациите е активно до моментот кога корисникот рачно ќе ги избриши. Со новата алатка можете да наместите параметрите за следење да се избришат во интервал од 3 до 18 месеци.

Податоци постари од 18 месеци ќе бидат избришани доколку изберете да имате функција за автобришење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија