Град Скопје денеска најави голема реконструкција на 11 средни училишта во Скопје.
Обновени и реконструирани ќе бидат објектите на „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и на „Михајло Пупин“.
При крај е и постапката за целосна реконструкција на средните училишта „Цветан Димов“ и „Марија Кири Склодовска“.
Одвоени ќе бидат речиси 60 милиони денари, од кои 46 милиони денари се за фасади, а останатите за санација на санитарни јазли, подови, врати, електрика, греење.
Оваа акција почнува денеска, а треба да заврши до крајот на летниот распуст за децата да можат непречено да одат на настава.