Во престолнината на Јужна Кореја, Сеул, неодамна е изградена голема урбана градина, при реконструкцијата на напуштен дел од автопат. Новиот градски парк, што се издигнува над главните сообраќајници, е наречен „
Сеуло 7017“ и претставува урбана зелена оаза со 24.000 растенија која е вистинска нова туристичка атракција на градот.
Проектот на паркот што се издигнува над сообраќајниците во динамичниот град е дело на холандски архитекти. Работите кои започнаа при крајот на минатата година, чинеа околу 33 милиони долари. Паркот е отворен на крајот на мај.
„Сеуло 7017“ е дел од поголем проект на урбана регенерација на градот преку кој градските власти се обидуваат десетмилионскиот град да го претворат во „град на пешаците“.
Пасарелата е долга околу еден километар и е дел од некогашен автопат кој од 2006 година е надвор од употреба.
Меѓу 24.000 садници се наоѓаат 254 различни видови дрвја, грмушки и цвеќиња.
Долж трасата можат да се видат и скулптури од растенија, продавници за чај и храна, цвеќарници, како и места кои се предвидени како изложбен простор.
Навечер, светлата поставени во овој единствен парк, чинат глетка за паметење.