Силициумската долина сѐ уште е глобален лидер во создавањето стартапи, но кинеските градови Пекинг и Шангај се лидери во Азија, одблизу следејќи ги своите западни колеги.
Едно истражување покажа дека повеќето сериозни технолошки центри се во САД, но половина од градовите со забележително висок раст се лоцирани во Азија. Кинеските градови најдоследно ги гледаат резултатите.
Околу 80 отсто од азиските стартапи што стасале до пресвртницата од една милијарда долари (таканаречени еднорози) во периодот меѓу 2012 и 2017 година се со седиште во Кина, при што во Шангај се создадени 29, а во Пекинг 17. Колку за споредба, во Силициумската долина во истиот период биле создадени 57 „еднорози“, но во Њујорк биле создадени само 13.
Стартапите од Пекинг од 2012 година внеле 72 милијарди долари во финансирање, додека оние од Силициумската долина 140 милијарди. Стартапите од Њујорк внеле 36 милијарди долари, а оние од
Шангај 23 милијарди.
Фото: Business Insider