Француските замоци одамна се познати низ светот. Нивната архитектура инспирирала слични замоци низ Европа, а во нив денес се организираат банкети и се снимаат филмови. Некои од нив се заборавени во оддалечените делови на земјата каде што уживаат во мирот без многу туристи.
Еден од нив се наоѓа среде езеро и зеленило, во северозападниот дел на Франција, и е посебен поради неговиот изглед, но и поради сопствениците.
„Шато де ла Мот-Шандени е замок од бајките кој датира од 13 век, а му припаѓал на семејството Баукаи.
Откако францускиот крал Филип VI го избркал англискиот крал Едвард III од неговите поседи во Франција, Англија ја нападнала Франција. Овој замок бил оштетен неколку пати за време на таа војна. За среќа, Французите ги победија Англичаните, а тој бил вратен назад. Замокот останал недопрен до 18 век, кога почнала познатата Француска револуција, а потоа повторно бил уништен од сопствениот народ.
Иако подоцна бил купен од богат претприемач кој вложил во него, во 1932 година замокот бил уништен во пожар и оттогаш речиси цел век бил напуштен и запуштен.
Фото:
Instagram
Пожарот кој ги уништил внатрешноста и покривот создал простор за дрвја кои почнале да растат од замокот, па замокот добил особено атрактивен изглед кој ги привлекувал фотографите и посетителите, без оглед на неговата тажна состојба.
Во 2017 година француски стартап започна кампања за спасување на замокот од распаѓање, во која секој мораше да вложи најмалку 50 евра за да го обнови замокот.
Како заврши? Повеќе од 27.000 луѓе од 115 земји во светот собраа над 1.600.000 евра. Дел од новите сопственици на замокот организирале и предбожиќна забава на која се запознале, се дружеле, а и си го исполниле детскиот сон - преноќување во сопствен замок.
Денес замокот е спасен, а еден дел е вселив, па сопствениците можат да преноќат таму. Сопственици на замокот се ентузијасти од Африка и од Куба, а меѓу најновите сопственици се францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, кои своите акции ги добија како подарок од здружението „Посвои замок“.