X
 03.06.2017 Култура

Како ова стана најбогатото соседство во светот?

Секое утро и секоја вечер, голем број бели автобуси се пробиваат низ гужвата во сообраќајот во Сан Франциско. Автобусите немаат никаква ознака, немаат ни натписи каде патуваат, но сеедно сите знаат каде одат.

„Превоз за друг вид на луѓе, заедница за посебни луѓе“, вели Дејв Витакер.

Овие бели автобуси ги возат вработените на „Apple“, „Facebook“, „Google“ и останатите технолошки компании сместени во Силициумската долина. Автобусите ја носат технолошката елита, а Силициумската долина денес вреди милијарди долари. Но, не секогаш било така.

Аеродромот му помогнал на Сан Франциско да стане седиште на телеграфската и радио индустријата. Уште во 1909 година Сан Хозе стана дом на една од првите радио станици на Америка. Во 1933 година, воената морнарница купила неколку парцели во полето Мофед за да може да го смести „USS Macon“. Станува збор за цепелин кој своевремено можел да пренесе неколку авиони и со тоа станал првиот воздушен носач на авиони. Ова го направило Мофед вистинско седиште за раната американска авио-индустрија. Кон крајот на триесеттите години на минатиот век бил основан Истражувачкиот центар Амес каде во 1949 година бил изграден најголемиот воздушен тунел во светот.

Кон крајот на 30-те Вилијам Хевлет и Дејв Пакард го основале „Hewlett-Packard“ во Пало Алто, а во текот на Втората светска војна изработувале радари и ја развиле артилеријата. Следниот век Вилијам Шокли заедно со соработниците ги измислил транзисторите што довело до вистинска револуција во сметководството. Во 1956 година Шокли го напуштил „Bell Labs“ и основал сопствена компанија - „Shockley Semiconductor Labs“. Година дена подоцна осум работници од неговата компанија си заминале поради неговото однесување. Тие осуммина започнале партнерство со Шерман Фаирчајлд и ја основале компанијата „Fairchild Semiconductor“. Подоцна и од оваа компанија заминале работници и основале сопствени компании, а меѓу нив биле основачите на „Intel“ Гордон Мор и Роберт Нојс.

Вработените на сите овие компании подоцна основале познати имиња од информатичката индустрија како „AMD“ и „Nvidie“. Во 1971 година новинарот Дан Хоефлер имал серија извештаи за информатичката индустрија наречна Силициумска долина, па така настанало името.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура