X
 04.07.2019 Живот

Во најпознатата хрватска дестинација ќе се возат само електрични такси-возила?

Најпознатата хрватска туристичка дестинација би можела да стане и првиот хрватски град во кој такси-превозот ќе се врши само со електрични автомобили.

Оваа можност е една од опциите што ги предлага градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ.

Тој на прес-конференција зборуваше за вишокот такси-возила по улиците на овој град и напомена дека патиштата на Дубровник веќе не можат да ја поднесат претрупаноста.

- Или ќе се промени законот за либерализација на такси-пазарот или ќе воведеме одлука според која такси-автомобилите може да бидат само електрични. Едно од тоа ќе биде сигурно - изјави Франковиќ.

Според некои процени, во Дубровник во текот на сезоната возат повеќе од 3.000 такси-возила.

- Ако не се ограничи со закон бројот на такси-возила во подрачјата што се под заштита на УНЕСКО, ќе воведеме зона на ограничен режим во кој ќе може да влезат единствено такси-возилата на електричен погон - додаде градоначалникот и напомена дека одлуката за забрана би можела да биде донесена во ноември.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот