X
 06.06.2018 Живот

Објавен списокот на земји со најдобри патишта

Во глобалниот извештај за конкурентност за 2017 и 2018 година е објавен и рејтингот на квалитетот на светските патишта.

На списокот има 137 држави. Според податоците од извештајот, најдобрите патишта се во Обединетите Арапски Емирати и нивната оцена е 6,4 поени. На второто место е Сингапур, а на третото Швајцарија. Во тие две земји квалитетот на патиштата се оценува со 6,3 поени.

Меѓу првите десет земји на списокот се наоѓаат Хонгконг, Холандија, Јапонија, Франција, Португалија, Австрија и САД.

На дното на листата е Мавританија, чии патишта добиле оцена од само два поена. Еднакво лоши се и патиштата во Конго (2,1 поен), Хаити (2,1 поен), Мадагаскар (2,2 поена), Гвинеја (2,2 поена), Јемен (2,3 поена), Парагвај (2,4 поена), Украина (2,4 поена), Мозамбик (2,5 поена), Молдавија (2,5 поена) и Нигерија (2,5 поена).

Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Хрватска, која е на 19. место со 5,5 поени. Истовремено, Турција е на 30. место со 5 поени, Грција е на 44. место со 4,5 поени, Словенија е на 51. место со 4,4 поени, Албанија има 4,3 поени и е на 57. место, Бугарија е на 93. место со 3,4 поени, Србија е на 100. место со 3,2 поени, БиХ е на 109. место со 3 поени.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот