X
 28.05.2019 Живот

Студент купил трактор од Германија и патувал 21 час до Хрватска

Богдан Заклан-Чачи (23) купил трактор од Германија. Кога слушнал дека превозот ќе го чинел околу 1.500 евра и дека за поевтиниот од 600 евра ќе треба да чека 20 дена, одлучил сам да си го донесе тракторот до Хрватска.

Освен од заштедата на пари, потфатот на Богдан бил поттикнат и од облог со пријател, и тоа во вечера. Овој студент по економија и сопственик на имот во селото Крбавица вели дека на неговата одлука не можеле да се начудат ни службениците што му издале пробни таблички. За два дена на тракторот поминал 21 час. Поминал околу 700 километри со максимална брзина од 47 километри на час.

- Тргнав во средата и возев цел ден. Застанав само на бензинска и кога плаќав казна. Имаше места на кои возев со брзина од 20 km/h. Зад мене се создаваа колони, но не дозволив да има повеќе од 10 автомобили. Во тие случаи се тргав и ги пропуштав. Во знак на поддршка, луѓето ме поздравуваа, ми мавтаа, свиреа, а имаше и понекој нервозен возач на кој му пречев - раскажува Богдан.

Фото: Buka

Полицијата не реагирала сè додека не направил прекршок. Тој во Австрија влегол во тунел наменет само за автомобили. 

- Навигацијата ме наведе на тој пат. На излезот ме запреа полицајци, но кога им објаснив дека не знаев и дека ме наведе навигацијата, ми излегоа во пресрет и ми наплатија најблага казна од 35 евра - вели тој.

Преноќил во Љубљана, каде што живее неговата мајка. Во четвртокот од Словенија продолжил кон Кореница.

- Не ми е тешко да возам трактор, би ја повторил оваа авантура, а и заштедив пари. За пат, патарини, гориво и за казната потрошив 500 евра. Но, најмногу ме радува дочекот на пријателите во Кореница и забавата - заклучува Богдан.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот