X
 04.07.2022 Забава

Италијанска банка чува кашкавал во трезорите

Италијанската банка „Кредито Емилијано“ на прв поглед изгледа како секоја друга банка. Но таа е посебна поради она што го чува во трезорите. Наместо златни плочки и монети, оваа банка има складиште за кашкавал.

Банката се одлучила на овој потег поради посебен вид пармезан наречен „пармиџано-реџиано“, кој е познат и како „принц на пармезаните“. Станува збор за скапоцен и вреден пармезан кој вреди колку злато. Само една пита кашкавал вреди од 300 до 400 евра, а трезорот со кашкавал на банката вреди неверојатни 150 милиони евра.

Како функционира работата со оваа банка?

Исто како и со другите банки. Замислете дека сте италијански земјоделец и ви треба нов трактор или опрема. Во тој случај на банката ѝ давате кашкавал, а таа ви дава пари.

На овој начин банката им помогнала на произведувачите да не банкротираат. Во банката има вработени лица кои се грижат за кашкавалот, кој потоа се продава и на тој начин се подмируваат долговите.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава