X
 31.03.2023 Живот

Италија отвори истрага против „Чет-ГПТ“ поради прекршување на правилата за собирање податоци на корисниците

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата „Чет-ГПТ“ на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за собирање податоци на корисниците и поради тоа привремено ја ограничи употребата на личните податоци на италијанските корисници.

Агенцијата го обвини „Чет-ГПТ“, кој е финансиски поддржан од „Мајкрософт“, дека не ја проверува возраста на своите корисници, наведувајќи дека треба да биде наменет за луѓе над 13 години.

Италијанската агенција наведе „отсуство на каква било правна основа што го оправдува масовното собирање и складирање лични податоци со цел обучување на алгоритмите кои се во основата на работата на платформата“.

Од објавувањето минатата година, „Чет-ГПТ“ предизвика технолошко лудило, што ги натера ривалските компании да лансираат слични производи, додека други се обидоа да ја интегрираат истата или слични технологии во нивните сопствени апликации и производи.

Апликацијата достигна околу 100 милиони активни корисници во јануари, по само два месеца по нејзиното лансирање, што ја прави најбрзо растечката апликација во историјата, според студијата објавена минатиот месец.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот