„Јутјуб“ тестира функција со која луѓето што ги блокираат рекламите ќе може да гледаат само три видеа на платформата. Многумина со години ги блокираат рекламите на „Јутјуб“. Меѓутоа, по воведувањето на опцијата за претплата, беше само прашање на време кога компанијата ќе реши да го спречи ова блокирање на рекламите.
Иако платформата не објавила ништо, од различни делови на светот има објави дека „Јутјуб“ воведува мерки за да ги принуди луѓето да ги гледаат рекламите. Според слика објавена од корисник на „Редит“, „Јутјуб“ сега ги блокира блокаторите на реклами ограничувајќи ги на само три видеа.
YouTube cracking down on if you're not paying them to block the ads, it hurts me, and hurt you.
by u/Reddit_n_Me in youtube
Сликата покажува предупредување кое вели дека корисникот треба да го оневозможи блокирањето реклами на платформата за да гледа повеќе видеа. Друга опција што се нуди е претплата на „Јутјуб премиум“, со која не се сервираат реклами. Ова предупредување им стигнало на мал број корисници.
Од компанијата изјавиле дека станува збор за мал глобален експеримент кој ги повикува гледачите да го дозволат прикажувањето реклами или да се претплатат на платената верзија на платформата. Не се знае дали овој мал експеримент ќе премине во нешто повеќе.
Извор: Smart life
Насловна фотографија: Pixabay