X
 10.01.2019 Економија

Руски стартап планира да поставува реклами на небото

Рускиот стартап „Старт Рокет“ сака да прикажува огромни реклами во стил на билборди на небото користејќи колекции од видови минијатурни сателити наречени „CubeSat“.

Според Влад Ситников, лидер на проектот, оваа комодификација на небото ноќе е следниот логичен чекор во рекламирањето.

- Со нас владеат брендови и настани. Кока-Кола, Брегзит, Олимписките игри, Мерцедес, ФИФА и мексиканскиот ѕид. Економијата е крвотокот на општеството. Забавата и рекламирањето се во неговото срце. Ние ќе живееме во космосот и човештвото ќе почне да ја пренесува културата во вселената. Попрофесионалните и искусни пионери ќе ја направат подобра за сите - вели Ситников.

Од стартапот велат дека до 2021 година ќе почнат да прикажуваат реклами на небото ноќе. Минијатурните сателити ќе орбитираат на алтитуда помеѓу 400 и 500 километри и ќе бидат видливи од Земјата по околу шест минути.

Компанијата не соопшти колку ќе чини рекламата, но оттаму сметаат дека брендовите ќе плаќаат за рекламите затоа што „егото е посветло од Сонцето“.

Сепак, одредени правници велат дека проектот можеби е технички изводлив, но дека стартапот може да наиде на одредени регулаторни пречки. Првиот предизвик со кој може да се соочи компанијата е дали сателитите ќе ја нарушат безбедноста во авиосообраќајот.  

Алексеј Скорапски, член на тимот на „Старт Рокет“, истакнува дека компанија од Нов Зеланд пуштила дискотопка во орбитата минатата година, а тоа ги вознемирило научниците иако била видлива краток период.

Тој смета дека комерцијализацијата на вселената е неизбежна.

- Ако зборувате општо за рекламирање и забава - хејтерите ќе си мразат. Ние развиваме нов медиум - вели тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија