X
 08.11.2022 Забава

Објавени првите божиќни реклами за 2022 година

Се приближуваат божиќните празници, па токму поради тоа излегоа и првите божиќни реклами.

„Дизни“ неодамна ја објави овогодишната празнична реклама која трогна илјадници интернет-корисници. Анимираниот цртан филм под наслов „Подарокот“ (The Gift) ја следи приказната на семејство кое чека принова. Најмалата ќерка Ела на почетокот ѝ се лути на мајка си затоа што не може да се дружи со неа како порано и станува понезадоволна како што се приближува терминот за породување. Рекламата предизвика многу позитивни реакции, а е направена со хуманитарната организација „Мејк а виш“.

Освен „Дизни“, божиќни реклами објавија и брендовите „Асда“, „Сејнсбурис“, „Маркс & Спенсер“ и „ТК Макс“. Рекламите веќе имаат неколку илјади прегледи, а гледачите се воодушевени.

Судејќи според коментарите, „Асда“ годинава успеа да ги надмине очекувањата на гледачите. Нивната реклама прикажува божиќно џуџе кое влегува во продавницата и успева да ги насмее купувачите и вработените.

Во октомври британската компанија „Very.co.uk“ објави божиќна реклама, но гледачите замерија затоа што рекламата беше пуштена многу рано.

- Тоа е она што не е во ред со Божиќ во последниве години - започнува 12 недели пред вистинскиот датум - вели еден читател.

„Џон Луис“ и „Кока-Кола“ допрва треба да ги објават своите божиќни реклами. Инаку, пред неколку години, рекламите на „Кока-Кола“ станаа синоним за празниците благодарение на одличната маркетинг-стратегија. Секоја реклама се следи со голем интерес и буди емоции бидејќи топлите и емотивни приказни околу празничната трпеза се столбот на рекламите на овој бренд.








Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава