Во Скопје е чудно да се замисли населена населба без реклами и билборди. Само замислете го строгиот центар на градот без реклами. Чудно, не?
Во 2006 година, Сао Паоло во Бразил бил толку полн со реклами, легални и нелегални, што градот почнал да се нарекува „визуелно загаден“. На Нова година во 2007, на сила стапил законот за „чист град“ со кој морале да бидат отстранети 15.000 билборди и 300.000 знаци.
Фотографот Тони де Марко бил таму кога се случило ова.