За многу позиции на почетно ниво „Мајкрософт“ не бара кандидатите да имаат факултетска диплома, туку ги охрабрува сите што мислат дека добро ќе се вклопат. Платите за повеќето вакви позиции се движат од 60.000 до 130.000 долари годишно.
Раководителите на „Мајкрософт“ велат дека оваа практика им овозможува да дојдат до поширока база на таленти и да изградат поразновидна работна сила во компанијата.
- Ако имате исти луѓе што имаат ист степен на образование, иста професионална заднина и сè друго, тие нема да можат да ги решат сите наши проблеми. Ако имате луѓе што доаѓаат од многу различни средини, тие може да размислуваат поинаку - вели потпретседателката на „Мајкрософт“, Ен Џонсон.
Според него, факултетските дипломи не се непогрешлив показател дека кандидатот ќе се залага за улогата - наместо тоа, „Мајкрософт“ поттикнува фокусирање на меките вештини, како тимска работа, љубопитност и подготвеност на кандидатот за брзо учење.
„Мајкрософт“ не е единствената голема технолошка компанија што ги предизвикува и преиспитува традиционалните очекувања кога станува збор за вработување на луѓето. „Гугл“ и „Епл“ имаат слична практика за прифаќање апликации за работа, без оглед на образованието бидејќи широката технолошка индустрија се бори против хроничниот недостиг на различност. Така и
Илон Маск, шеф на „Тесла“, неодамна на својот твитер-профил барал нови вработени без оглед на нивниот степен на образование. Доволно е да го поминат тестот.
Извор:
Bizlife.rs
Фото: Pixabay