X
 04.07.2023 Живот

Ова е апсолутно најлошата сезона на серијата „Пријатели“ според фановите

Дали навистина може да има попопуларна серија од „Пријатели“? Секако, го имате „Сајнфилд“ и „Модерно семејство“, како и „Како ја запознав вашата мајка“, но приказната за шест 30-годишници и внесот на кофеин, кои им пркосат на животот, остава свој печат. Со своите смрдливи мачки и идентичните близнаци по раце, „Пријатели“ остави белег во популарната култура како што не остави ниедна друга серија.

Веб-страницата „Лупер“ анкетираше 600 луѓе низ САД за да открие која е најлошата сезона на серијата „Пријатели“. Од вкупно десет сезони, фановите сметаат дека последната, десеттата сезона на „Пријатели“ е најлошата од сите, со избрзаното збогување и неизбежното смирување помеѓу Рос и Рејчел. По неа, на второ место се најде првата сезона.

Седмата сезона заработи 19,33 отсто од гласовите, докажувајќи дека венчавката на Чендлер и Моника едноставно не беше доволна за фановите. По неа следува деветтата сезона со 17,50 отсто, која беше само најава за тоа дека претстои љубовна романса помеѓу Џои и Рејчел.

Најмалку омразена беше втората сезона со 15,33 отсто кога д-р Дрејк Реморе умре, се појави новиот цимер на Чендлер, а бакнежот помеѓу Рос и Рејчел беше уништен поради фамозната листа на лаптопот на Чендлер.

Извор: Looper.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот