X
 10.05.2024 Забава

Најавен спиноф на популарната серија „Канцеларијата“

На пат е спиноф на популарната серија „Канцеларијата“.

Грег Даниелс, кој ја адаптирал „Канцеларијата“, првично серијал на Би-би-си, за американската публика во 2005 година, се здружува со креаторот на „Нејтан за тебе“, Мајкл Коман. Проектот е опишан како нова документарна серија сместена во истиот универзум како и нејзината сакана претходничка.

Актерот од „Војна на ѕвездите“, Домнал Глисон, и актерката од „Белиот лотос“, Сабрина Импачаторе, се водечките ликови во серијата и ќе ја предводат актерската екипа, која допрва ќе биде најавена.

Описот на серијата гласи:

- Документарната екипа која го овековечи огранокот на „Дандер Мифлин“ во Скрентон е во потрага по нова тема, кога ќе открие историски весник од Средниот Запад кој е во изумирање, а издавачот ќе се обиде да го оживее со репортери волонтери.

Снимањето на серијата, на која извршни продуценти се од „Даниелс и Коман“, заедно со Рики Џервејс и Стивен Мерчант, кои ја создадоа британската верзија на „Канцеларијата“, ќе започне во јули и ќе се емитува на „Пикок“.

Во американската верзија на „Канцеларијата“ глумеа Стив Карел, Џон Красински, Џена Фишер, Раин Вилсон и многу други. Се прикажуваше девет сезони помеѓу 2005 и 2013 година и ја освои наградата „Еми“  за извонредна хумористична серија во 2006 година.

Извор: goodmorningamerica.com

Фото: IMDb

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава