Во средното стручно образование годинава се запишани 1.384 ученици повеќе во споредба со лани, што значи бројот на ученици во стручните училишта е зголемен за 6
- Во СОУ „Гоце Делчев“ отворивме две дуални паралелки, една со забни техничари и една за машински техничари за компјутерско управување, а има и трета паралелка од земјоделска насока, која и покрај тоа што не е дуална, ќе функционира како таква бидејќи во меѓувреме е обезбедена компанија со која училиштето ќе соработува за реализација на практичната настава - информира министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа нагласи дека во училиштето се запишани вкупно 56 ученици во прва година, од кои 38 во стручно и 18 во гимназиско образование, а овој проект се спроведува во соработка со коморите на бизнис-заедницата, со општините и училиштата и со голема поддршка од швајцарската амбасада преку „Учи паметно, работи стручно“.
Министерката сподели податок дека во новата учебна година бројот на дуални паралелки е зголемен на вкупно 97, за разлика од минатата кога имаше само 11 вакви паралелки во чија реализација на наставата учествуваат и компании.