Кога Римјаните оделе на север кон германските провинции, тие ја изградиле тврдината Саалбург, која била заштитна граница меѓу Римската империја и териториите на германските племиња. Во најсјајните времиња, на тврдината и во селото покрај нејзе живееле 2.000 луѓе. Таа била активна до околу 260 година.
Во 19 век тврдината е откриена и ископана, а подоцна и целосно реконструирана. Сега е на листата на светско наследство на УНЕСКО и таму има музеј во кој има многу реликвии, а можеби најинтересната е чевелот стар 2.000 години, кој е во одлична состојба и по толку векови.
Фото: OpenCulture
Според интернет страницата „Romans across Europe“, Римјаните се изумителите на чевлите кои целосно го обвиткуваат стапалото. Исто така, на страницата се нагласува дека имало и голем избор на
чевли и сандали за мажи и жени.