Септември, април, јуни и ноември имаат 30, а останатите месеци по 31 ден, освен февруари. Како се случило овој месец да има помалку денови? „Вината“ е кај Римјаните и нивните суеверија.
Во периодот на антички Рим месеците не биле толку важни. Легендата вели дека можеби митскиот основач на Рим, Ромулус, одлучил дека има потреба од календар. Со оглед на многуте фестивалски активности во текот на целата година, му бил потребен начин за да следи кога и што се случува. Така, бил креиран календар кој содржел 10 месеци. Лунарниот календар почнувал во март со пролетната рамноденица и завршувал во декември. Останатите денови се сметале за некорисни.
Вториот крал на Рим, Нума Помпилиус, малку го проширил календарот. Сакал да го направи попрецизен, односно да има 12 лунарни циклуси, што зафаќа период од околу 355 дена. Со толку денови дошол до идеја за јануари и февруари. Но, тој бил суеверен човек, па во тоа време дури и броевите се сметале за несреќни. Наместо секој месец да има по 28 дена, тој направил комбинација на деновите во секој месец, освен кај февруари. Вака изгледал неговиот календар.
Мартиус: 31 ден
Априлиус: 29 дена
Маиус: 31 ден
Јуиус: 29 дена
Куинтилис: 31 ден
Секстилис: 29 дена
Септември 29 дена
Октомври: 31 ден
Ноември: 29 дена
Декември: 29 дена
Јануариус: 29 дена
Фебруариус: 28 дена
По неколку години поминати по овој календар, годината почнала да изгледа несинхронизирано. Римјаните додавале по уште еден месец одвреме-навреме – мерцедониус за да се реши синхронизираноста. Но, сето тоа довело до хаотична состојба.
Кога на власт дошол Цезар, вовел календар базиран на Сонцето, како оној на Египќаните. Додал дополнителни денови во календарската година, па просекот на денови во годината бил 365,25 дена, многу блиску до фактичкото просечно траење на годината – 365,2425 дена. Престапниот месец станал престапен ден кој бил вметнат во
февруари на неколку години, а календарот конечно добил регуларен распоред.