X
 10.05.2023 Живот

Луѓето денес носат чевли кои се два броја поголеми отколку луѓето пред 50 години, која е причината?

Стапалата на луѓето денес се значително поголеми отколку што беа во 70-тите години, а тоа е последица на просечното зголемување на висината и тежината на луѓето, па така и стапалата се зголемени за полесно да го носат „товарот“.

Ова е заклучокот на истражување на Британскиот колеџ за подијатрија, специјална гранка на медицината која се занимава со здравјето на стапалата.

Така, пред околу 50 години просечното женско стапало било долго 23 сантиметри, а машкото 26,5 сантиметри, додека денес просекот кај жените е 25 сантиметри, а кај мажите 28,5 сантиметри. Тоа значи дека жените порано најчесто носеле 36 број на чевли, а денес носат 38. Мажите носеле 41, а денес 44.

Како последица на зголемувањето на стапалото, сѐ почесто се јавува прекумерен раст на коската на палецот, велат експертите. Покрај фактот што стапалата на луѓето стануваат сѐ поголеми, тие продолжуваат да растат во текот на животот, покажало истражување во кое учествувале 2.000 луѓе.

Така, 26 отсто од мажите и 41 отсто од жените тврдат дека стапалата им пораснале за цел број од адолесценција до старост, иако лекарите велат дека најмногу се работи за раст во ширина, а не во должина.

Тоа може да предизвика здравствени проблеми, а дури 29 отсто од жените и 18 отсто од мажите страдаат од секојдневни болки во стапалата поради носење премногу тесни чевли. Дури една третина од луѓето велат дека носат неудобни чевли само затоа што им се допаѓаат.

- Луѓето грешат затоа што често избираат модерни модели на чевли кои не одговараат на нивните стапала, па може да се јават болки, па дури и деформација на стапалата - вели д-р Лорејн Џонс, автор на истражувањето.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот