X
 20.10.2016 Живот

Како чевлите и чантите да ги направите водоотпорни?

За време на врнежливите денови, кога ги завршуваме секојдневните обврски, често се случува да ги намокриме нашите чевли, чанти и слично.

 

 

 

Но, и за тоа има решение. Се што ви треба е пчелин восок, а ако го немате, може да ви послужи и восокот од обична свеќа.

Постапката е многу едноставна. Со свеќа истријте ги чевлите така што на нив да остане бел слој. Потоа стопете го со фен на највисока температура. На крајот почекајте неколку минути и чевлите се спремни за одење по дожд.

Во следното видео можете да погледнете како тоа да го направите.



Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот