Лондонската компанија за вештачка интелигенција (АИ) „ДатаСпарК“ најави дека планира да промовира АИ-бар - софтверски пакет кој ја користи техниката за препознавање на лица за да се осигура дека муштериите се услужувани по ред како што се приближуваат до шанкот.
Идејата е веќе да не се грижиме дека некој ќе ни го земе редот додека чекаме, но експертите за приватност предупредуваат дека пијачката не е толку вредна.
Системот се состои од три дела: камера, екран и софтвер. На екранот се прикажува приказ во живо од камерата, која е позиционирана да ги снима сите муштерии кои чекаат пијалок. Системот го забележува редот по кој муштериите се прибличуваат, поставувајќи круг со број околу нивните лица на
екранот.
Оваа технологија сигурно ви звучи како добра идеја ако сте се соочиле со луѓе кои преку ред си ги земаат пијачките на шанк. Но, за Силки Карло, директор на „Биг Брадер Воч“ - британска непрофитна организација фокусирана на заштита на граѓанските слободи - системот не е толку вреден за да се подложите на скенирање на лицето, дури и ако податоците се бришат во рок од часа, како што велат создавачите на АИ-системот.
-Тажно е кога не можеме ни да уживаме во пијачка без да бидеме следени од вештачка интелигенција. Може да очекувате АИ-контрола на редици во Кина, но не и во Британија - вели Карло.
Фото: Freepik