X
 04.08.2020 Наука

Дали на цивилизацијата ѝ претстои колапс во следните децении?

Доколку светот продолжи по истата насока на која се наоѓа, на цивилизацијата на која сме навикнати ѝ претстои неповратен колапс за децении. Тоа го покажува истражување објавено во списанието „Сајентифик рипортс“, во кое се поставува модел за иднината на светот врз основа на моменталните стапки на уништување на шумите и користењето на останатите природни ресурси.

Медиумите пренесуваат дека дури и според најоптимистичките проекции во истражувањето, шансите дека светот ќе се соочи за катастрофа изнесуваат 90%. Истражувањето било напишано од физичари од институтот „Алан Тјуринг“ и Универзитетот во Тарапака.


Фото: Freepik

Според истото, последните шуми на Земјата ќе се уништат за 100-200 години отсега. Во комбинација со промените во населението и трошењето на природните ресурси, ова навистина се лоши вести за човештвото.

Секако, не е реално да се смета дека човечкото општество ќе го почувствува влијанието од уништувањето на шумите дури кога ќе се исечат последните дрвја. Затоа, физичарите предвидуваат дека општеството какво што го познаваме денес ќе престане да постои за 20 до 40 години.



Фото: Freepik

Сепак, „Мадрборд“ известува дека глобалната стапка на уништување на шумите се намалила последните години, иако сè уште се губи многу шума и новите дрвја кои се садат не може да ја заштитат околината исто како и дрвјата кои се сечат.

Во истражувањето се заклучува дека според пресметките, луѓето имаат неколку децении пред да се соочат со неповратен колапс на нашата цивилизација доколку стапката на зголемувањето на населението и трошењето на природните ресурси продолжат со исто темпо како сега.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука