„The Guardian“ објавиле текст во кој се наведени 13 големи кризи од кои светот нема да може да опорави. „Ве молиме не го читајте ова доколку не сте подготвени. Ова е листата на 13-те големи кризи кои не очекуваат. Можеби ги има и повеќе. За жал ова не е многу радосен текст“, пишуваат во
весникот.
1. Доналд Трамп
Новиот претседател на САД, се чини дека е човек кој не е способен за било какво воздржување и рамнотежа, туку само за одмазда. Во џебот ги има Сенатот и Врховниот суд. Опкружен е со луѓе кои имаат ограничени погледи на светот. Ќе го превземе најголемиот арсенал на оружје од светот.
2. Неговиот советник за сигурност
Кај стратешките одлуки ќе може да го направи тоа што го сака, дури и без на тоа да се согласи Конгресот. Неговиот советник за национална сигурност е опасен екстремист.
3. Останатиот дел од тимот
Неговиот тим се состои од професионални лобисти. Тие луѓе се сега на власт. Освен светскиот удар, јавното здравство, јавните финансии и финансиската стабилност, тоа е и оправдување за политичкиот модел на тутунските компании уште од 1960 година. Имено, ако потрошите доволно пари и соработувате со медиумите, можете да ја купите политиката која ви е потребна. Демократијата ќе стане мртва точка, а политичките алтернативи ќе ги исчезнат.
4. Трансатланска позадина
На другата страна на Атлантикот, обидот на Британците да се одвојат од ЕУ се покажува како доста комплицирана. Можно е и да не постои одговор на тој политички проблем. Постојат две решенија.
- согласување со слободните движења на луѓето во замена за единствен пазар, што би било многу непријатно за Брегзитовците.
- Еу ги затвара своите врати. Не само за да може да ги одбие сите владини заповеди, туку и да може да го казни излезот од унијата со казна од 60 милијарди евра. Тоа би било многу тешко да се плати и би била најтешка варијанта.
5. Ризици на Еврозоната
Кризата на банките во Италија се чини голема и никој не знае како тоа ќе влијае на опстанокот на Еврозоната.
6…… и нивните глобални последици
Дали е ова доволно да се покрене уште една глобална криза допрва ќе се види. Но ако дојде до тоа, владите не би можеле да го искористат планот од 2007 и 2008 година. Благајните се празни.
7. Автоматизација која ги одзема работните места
Автоматизацијата ќе ги уништи работните места, а тешко може да се замисли како проблемот со вишокот на вработени ќе се реши. Се чини дека ниедна влада или политичка партија не сфаќа колку е голем тој проблем.
8. Ќе победи ли Марин Ле Пен
Марин Ле Пен има добра шанса во мај да стане претседателка на Франција. Ќе биде ли тоа доволно да се руши Европската унија - никој не знае. Ако тоа не е доволна криза, има уште неколку па може да дојде до последична реакција. Доколку тоа се случи, ќе се одвива со брзина која никој не ја очекува. ЕУ би можела да престане да постои во рок од еден месец.
9. Советот за безбедност на ОН нема да изгледа поттикнувачки
Ако Ле Пен победи , постојаните членови на Советот на безбедност на Обединетите нации би биле Доналд Трамп, Владимир Путин, Марин Ле Пен. Тоа и не е многу охрабрувачки.
10. Парискиот довор за климаткси промени уништен
Државните програми за климатски промени немаат врска со договорот потпишан во Париз. Дури и ако таа државна програма започне со функција во целост (а нема), тоа е далеку од оние кои предвидуваат Париски договор. Тогаш веќе ќе знаеме што Трамп ќе направи.
11. Влијанието на климатските промени врз миграцијата
Едно од многуте влијанија на климатскиот колапс ќе биде масовната преселба на луѓето, така што сегашните миграции нема да бидат ништо во споредба со тоа.
12.Со само 60 преостанати жетви
Според организацијата на Обединетите нации за земјоделство, ни останува само уште 60 години жетва.
13. Брзо изумирање
Се повеќе старо становништво, а се помалку новороденчиња. Светот забрзано ќе изумира.