X
 04.08.2022 Наука

Дождовницата не е безбедна за пиење никаде во светот

Нивото на таканаречените „вечни хемикалии“ во атмосферата е толку високо што дождовницата не е безбедна за пиење дури и во најизолираните делови од светот, покажува нов водич за квалитетот на водата.

Вечните хемикалии се група од опасни перфлуоралкални и полифлуоралкални супстанци направени од човекот. Некои од овие супстанци биле поврзани со појавата на ракот кај луѓето.

Во последните децении, овие материи се прошириле низ светот преку водата, океаните, почвата и атмосферата. Како резултат на ова, тие може да се најдат во дождовницата и снегот на најизолираните локации на Земјата, велат истражувачите.


Фото: Pixabay

Нивото на овие супстанци во дождовницата сега е многу над дозволените нивоа, според научници од универзитетот во Стокхолм и Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих. Според нив, според последниот водич за ниво на овие супстанци во водата за пиење, може да се смета дека дождовницата не е безбедна за пиење никаде во светот.

Овие супстанци се наречени вечни бидејќи е тешко да се искоренат и остануваат во атмосферата долго време. Тие биле поврзани со повеќе здравствени проблеми, како рак, проблеми во учењето и однесувањето кај децата, неплодност и компликации при бременост, зголемен холестерол и проблеми со имунолошкиот систем.

Извор: Independent
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука