Денес е четврток, 25 мај 2017 година, 145-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:00, а ќе зајде во 19:59 часот. Денот ќе трае 14 часа и 59
минути.
Во утринските часови во најголем дел од Македонија имаме претежно
облачно но и свежо време, а локално во северозападните и северните
предели постојат услови и за локални врнежи. Услови за кратки сончеви
периоди имаме само во југозападните предели, но и во овие предели
облачноста во наредните часови ќе се зголемува.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува уште еден од низата
нестабилни денови со поинтензивни врнежи од дожд. Во текот на денот ќе
биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и
свежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во доцните попладневни
како и во вечерните часови и прво ќе ги зафатат западните и
северозападните предели ќе се прошируваат кон останатите региони.
Локално се очекуваат да наврнат и над 30 литри. Ќе дува доумерен
северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од 7 до 15
степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 13 односно до 22
степени.
Во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок се очекува нов бран на
интензивни врнежи од дожд кои што прво ќе ги зафатат западните и
северозападните предели и ќе се прошируваат во останатите предели.
Локално може да наврнат и над 30 литри дожд.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со
врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северен ветер.
Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна ќе достигне
до 19 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Како што напоменавме во текот на ноќта четврток кон
петок како и во петок во утринските и претпладневните часови ќе биде
облачно со врнежи од дожд кои што локално ќе надминат и на 30 литри,
ветровито и свежо време. Попладне врнежите постепено ќе престануваат.
Утринските од 4 до 13 степени, а максималните дневни температури ќе
достигнат до 12 односно до 21 степен. Во сабота умерено облачно време со
повремени сончеви периоди кои што ќе донесат и повисоки дневни
температури кои што ќе се движат во интервал од 15 до 24 степени.
Попладне во североисточните, источните и југоисточните предели со услови
за локални и слаби врнежи од дожд. Во недела претежно сончево време со
појава на локална облачност и потопло време со дневни температури што ќе
достигнат до 18 односно до 27 степени. Во понеделник претежно сончево и
топло време со пораст на температурите кои што ќе достигнат до 21
односно до 30 степени.
Weather4all.com.mk