Хуманизмот или хуманистичката теорија е ориентација според која луѓето се тие што создаваат подобра околина и најмногу може да придонесат за подобрување на сите аспекти од животот. Соодветно, според теоријата, секој индивидуалец е способен за добрина и има право да верува во она што сака. Истражувачите што се хуманисти претпоставуваат дека сите луѓе се добри. Освен тоа, секој човек се обидува да стане најдобра верзија од себеси и е способен слободно да ги контролира своите мисли.
Кога станува збор за хуманизмот и неговите последици врз
учењето, хуманизмот оди во прилог на учењето на креативен начин - преку уметност, музика и литература. Многу хуманисти работеле на истражувања за да најдат начини за учење кои би ги промовирале силните и слабите страни на индивидуалецот. Карл Роџерс и Абрахам Маслов се двајца научници кои најмногу придонеле за користење на хуманистичката теорија како пристап во учењето.
Роџерс ставал акцент на емоциите, слободата во учењето и елиминирањето на сите граници. Тој ја дополнил хуманистичката теорија тврдејќи дека луѓето треба да имаат стабилни емоции за да ги подобрат силните страни.
Фото: Pixabay
Според Роџерс, секој индивидуалец треба да има опција да одбира што сака да научи и сите рестрикции во училишните програми треба да се избришат. Ова ја менува улогата на наставниците од тутори во фасилитатори. Ова е добра техника, но ги игнорира индивидуалците на кои им е потребна структура со правила во учењето.
Маслов е познат по неговата „хиерархија на потреби“. Станува збор за пирамида која почнува со најгенералната група на основни потреби, како храна, облека и живеалиште. Потоа следува чувството за сигурност. Следуваат љубовта и односите, па почитта и самодовербата. Сите овие водат до категоријата за себеисполнетост, која треба да биде главната цел на индивидуалецот. Овие потреби се подредени од најважна до најмалку важна за ефективно учење.
Како да учите следејќи ја хуманистичката теорија?
Станува збор за многу оптимистичен пристап, а затоа е и тежок за реализирање. Сепак, Роџерс и Маслов понудиле неколку насоки.
Фото: Pixabay
Учење без граници
Ова е пристапот на Роџерс. Со него индивидуалецот се ослободува од сите граници и има слобода да го крои својот пат во учењето. Ова може да се направи со помош на наставник или професор, но и самостојно. На пример, доколку сакате да научите странски јазик, ќе треба да ве води некој што го познава јазикот, но вие ќе ја одредите брзината на учењето, како и другите фактори.
Приоритет на личните потреби
Себеисполнетоста е голем дел од хиерархијата на потреби на Маслов. Индивидуалците секогаш треба да се трудат да стигнат до неа. Со хиерархијата на потреби може да се одреди приоритет на потребите на индивидуалецот за да се олесни процесот на учењето и да се добијат подобри резултати.
Конечно, главната порака е дека хуманизмот му ја остава контролата на поединецот. Теоријата има недостатоци, но е најефикасна кај индивидуалците што се насочени кон нивната кариера.
Автор: Лион Хо
Извор:
lifehack.org