Американскиот претседател Џо Бајден изјавил дека ќе им прости кредити во износ од најмногу 10.000 долари на милиони Американци што заработуваат помалку од 125.000 долари годишно.
Ќе им бидат простени и долгови до 20.000 долари на оние што студирале користејќи грантови за луѓе со најголеми финансиски проблеми.
Се проценува дека 43 милиони Американци должат вкупно 1,6 милијарда долари за студентски кредити. Речиси една петтина од нив должат помалку од 10.000 долари.
Според Бајден, мерката треба да им помогне на семејствата од средната класа.
- Товарот е толку тежок што дури и кога ќе дипломирате, може да немате среднокласен живот каков што некогаш нудела факултетската диплома - изјавил Бајден.
Околу една третина од лицата со студентски кредити имаат долгови, но не успеале да дипломираат.
Извор:
BBC
Насловна фотографија: White House