Приватната високообразовна институција – Висока стручна школа
„Факултет за бизнис економија“ – Скопје (ФБЕ) е основана во 2005 година, додека пак
Приватниот научен институт за бизнис-економија (ИБЕ) е основан во 2011 година. Моделот на студирање се базира на Интегрираниот бизнис-курикулум (IBC), моделиран според програма спроведувана на Универзитетот во Ајдахо, САД, а се покажал како успешен во подготовката на дипломците да создадат вредност за фирмата на нивниот работодавец уште од првиот ден на нивното вработување. ФБЕ и ИБЕ функционираат како посебни ентитети, но со постојана меѓусебна координација, соработка и поддршка, со цел да се понуди највисокиот можен квалитет на образование на прв и втор циклус студии во Република Северна Македонија, за што впрочем сведочат и:
- високата стапка (80%) на вработеност на нашите дипломци,
- високите оцени за знаењата и одговорноста на нашите студенти, од страна на компаниите каде што ја извршувале работната пракса
Со цел да се понуди врвен академски квалитет, ФБЕ и ИБЕ спроведуваат стратегии за интернационализација на студиите и програмата, за дел од кои детали се дадени во овој текст.
Почнувајќи од 2015 година, ФБЕ е координатор на проектот COOL (Collaborative Online Learning), во кој учествуваат реномирани универзитети како
State University of New York (SUNY) Plattsburgh и
University of Ljubljana – Faculty of Administration. Целта на овој проект е студентите да добијат чувство како е да работат во интернационална средина, која се карактеризира со различни временски зони, организациски култури и многубројни други фактори. Крајниот резултат на COOL проектот се голем број изработени маркетинг-кампањи кои би биле спроведени во САД, Словенија и во Македонија паралелно за идентични производи и услуги. Во проектот преку виртуелни конференции учествуваат и претставници од бизнис-заедницата со цел менторски да ги поддржуваат студентите.
Дополнително, студентите на ФБЕ и ИБЕ имаат можност за Еразмус+ мобилности на реномирани странски институции, како University of Modena (Italy), University of Ljubljana (Slovenia), University of Economy and culture (Latvia), Vilnius University (Lithuania), Wroclaw University (Poland), Global Oporto University (Portugal) и многу други со кои ФБЕ и ИБЕ имаат склучено интеринституционални договори. Еразмус+ мобилностите се основен дел од студирањето, при што голем број студенти од ФБЕ и ИБЕ ги имаат искористено како студентска мобилност за студирање и студентска мобилност за пракса. Како резултат на сето тоа, ФБЕ има добиено награда за најдобро спроведена Еразмус+ програма во 2015 година.
Стратегиите за интернационализација на студиите и програмата исто така подразбираат и постојано надградување на академскиот кадар на ФБЕ и ИБЕ преку посета на интернационални конференции, како и публикување на трудови во меѓународни списанија. Од друга страна, за да се надгради курикулумот на предметите, ФБЕ и ИБЕ организираат гостински предавања од странски професори – во последниот семестар на институциите предаваа професори од Полска, Словенија, Литванија, Германија и други земји.
Со цел да се направи експанзија на степенот на меѓународна соработка, во Април 2019-та година, ФБЕ и ИБЕ ја организираа првата Меѓународна Еразмус+ недела. Настанот траеше 5 дена, и на истиот учествуваа 34 учесници од 20 универзитети од 7 различни европски земји (Германија, Литванија, Полска, Турција, Романија, Хрватска и Република Северна Македонија). Настанот беше успешно организиран и институциите веќе се во подготовка за организација на следната Меѓународна Еразмус+ недела во Мај 2020-та година.
Последниот аспект на интернационалните стратегии на ФБЕ и ИБЕ претставуваат меѓународните проекти. Во текот на последните четири години, ИБЕ спроведе два Еразмус+ КА2 проекти како координатор.
• ISPEHE (Innovative Strategic Partnership for European Higher Education) во кој како партнерски институции учествуваа University of Pavia, Italy; University of Ljubljana, Slovenia; Ekonomikas un kultūras augstskola, Latvia и Technical University of Riga, Latvia. Проектот се фокусираше кон креирање интегриран и иновативен пристап за претприемничко образование и воспоставување линк помеѓу високообразовните институции и претпријатијата за развој на практични насоки за учење преку развој на иновативна веб-платформа и интегриран кариерен центар.
• SPIDE (Strategic Partnership for Innovation and Development of Entrepreneurship) во кој како партнерски институции учествуваа University of Ljubljana, Slovenia; Ekonomikas un kulturas augstskola, Latvia и Kehl University of Applied Sciences, Germany. Главната цел на овој проект беше да се зголеми употребата на иновативни пристапи и практични знаења, со што се зголемува квалитетот на образовните програми на високообразовните институции преку подобрување на тематската меѓународна соработка во областа на претприемништвото и менаџментот.
ФБЕ и ИБЕ продолжуваат активно да ги спроведуваат своите стратегии за интернационализација, со тоа што се планира експанзија и нови соработки со реномирани институции на ниво на Европа, но и на повеќе различни континенти. Повеќе детали можете да погледнете на нивните веб-страници.
(Комерцијална објава)