Работното место е вториот дом на секој вработен човек бидејќи таму поминува 40 или повеќе часа неделно. Затоа е важно да го направите работниот простор што е можно подобар за себе, за да се чувствувате што е можно поудобно. Никој друг нема да внимава на деталите кои некому лично му одговараат и затоа обврска на секој вработен е да си го олесни животот на работното место. И тоа може да се направи во десет едноставни чекори.
Заштитете ја вашата тастатура
На сите ни се има случено да истуриме кафе или некоја друга течност на тастатурата. Кога ќе се случи ова, не паничете, исклучете го компјутерот и избришете ја тастатурата. Ако сакате да избегнете такво нешто во иднина, тогаш подобро организирајте го просторот - одредете каде ќе ви стои кафето, а каде тастатурата.
Исчистете го вашиот компјутер
Трошките, прашината и сите други непожелни работи брзо се собираат на вашиот работен уред. Барем еднаш неделно одвојте време да го избришете. Тоа е добро и за здравјето. Не само за вашето, туку и за функцијата на компјутерот, особено ако е лаптоп.
Разладете се
Топлите денови се навистина тешки, а и луѓето околу вас, затоа што секогаш има барем една личност на која климата ѝ пречи. Набавете си мал вентилатор кој се приклучува на вашиот компјутер и дува само кон вас. Ќе се чувствувате пријатно и никому нема да пречите.
Одморете ги очите
Не игнорирајте го советот 20-20-20 (на секои дваесет минути треба да гледате најмалку дваесет метри во далечина, најмалку дваесет секунди). Ако работите ноќе, вклучете го „ноќниот режим“ што ќе го направи екранот поудобен за очите.
Осветлете ја просторијата
Направете го тоа со сончева светлина, а не со собни светла. За жал, овој дел зависи и од вашите колеги, па доколку тие ви прават проблеми, барем еднаш во денот излезете и прошетајте неколку минути.
Обрнете внимание на звуците
Немојте да се заборавите и да ги грицкате ноктите, да трескате по масата, да удирате со нозете или да правите нешто што не е многу пријатно за луѓето околу вас. На крајот на краиштата, знаете колку е непријатно кога некој друг го прави тоа. Затоа набавете си топчиња против стрес или нешто слично за да ги имате при рака.
Донесете растение во канцеларијата
Дури и ако се работи за мал кактус, ставете го на масата затоа што ќе го освежи вашето биро и ќе се чувствувате посмирени, бидејќи е докажано дека растенијата позитивно влијаат врз расположението.
Колегијалност
Слушајте ги вашите колеги, помогнете им ако можете бидејќи, порано или подоцна, ќе ви треба нивната поддршка. Ова создава подобра атмосфера на работното место.
Разбудете се
Пред да одите на работа, туширајте се неколку секунди со ладна вода или измијте се со ладна вода. И избегнувајте да пиете кафе во првите три часа од моментот кога ќе се разбудите бидејќи тоа нема да има поголем ефект. Некои луѓе треба да чекаат и до пет часа по будењето.
Водете грижа за себе
Седењето со часови на едно место си го зема својот данок. Секогаш носете бонбони или гуми за џвакање и дезодоранс и одвреме-навреме освежете се во тоалетот.
Извор: Ictbussines.info
Фото: Freepik