Време е да го отворите прозорецот. Можеби мислите дека она што ве прави нерасположени и уморни на работа се колегите или притисокот, но ново истражување покажува дека можеби се работи за воздухот кој го дишите.
Научниците во САД откриле дека концентрацијата на јаглерод диоксид во затворените простории кои ги користиме секојдневно може да бидат доволно високи за да бидат штетни за нашето здравје.
Веќе е докажано дека високото количество јаглерод диоксид е опасно, за луѓето и за планетата, но новото истражување отвора прашања за присуството на јаглерод диоксид на местата кои порано се сметаа за безбедни.
Истражувачите работеле со волонтери, на кои им ги тестирале когнитивните функции и присуството на јаглерод диоксид во канцелариите во кои работат. Оние кои работеле со повисоко количество јаглерод диоксид имале послаби резултати од останатите.
Внатрешното присуство на јаглерод диоксид може да биде
причинето од повеќе фактори: вентилацијата, бројот на прозорци, бројот на луѓе во просторијата или количеството јаглерод диоксид во соседството.