X
 04.10.2018 Образование

Две училишта во Дебар ќе добијат нови имиња


Советот на Општина Дебар на денешната редовна седница усвои одлуки за давање согласност за преименување на две училишта во градот.
Одлуките се однесуваат на Основното училиште „Братство единство“, кое се преименува во „Пенестија“, според албанските историчари, старо име на Дебар, и средното општинско училиште „Здравко Чочковски“ во „28 Ноември“, Ден на независноста на Република Албанија и Ден на албанското национално знаме.

Согласноста за преименувањето и измената во статутите на училиштата помина и со запазување на потребниот број гласови според Бадентер.
Одлука за промена на имињата на двете училишта, исто така со Бадентер, беше изгласана и во 2012 година од тогашниот совет на Општината.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование