X
 15.11.2018 Технологија

Топ-5 дигитални трендови што ќе го трансформираат образованието во 2019 година

Образовниот сектор не е баш склон кон прифаќање и имплементирање на новата технологија. И покрај фактот што тие ги подготвуваат нашите деца за иднината, училиштата не секогаш се движат најбрзо за да стигнат таму. Од таа причина, трендовите на дигитална трансформација во образованието обично се движат малку побавно од некои други индустрии. Сепак, тоа не значи дека не се случуваат.

Ова се дигиталните трендови што ќе го трансформираат образованието наредната година.

digitalno
Фото: Getty Images


Зголемена реалност/виртуелна реалност


Иако не постојат училишта што одат на виртуелно патување во Египет, образованието ќе почне да се интересира за користење на зголемената реалност и виртуелната реалност за да им помогне на учениците да „искусат“ работи како историја, патување, па дури и STEM програма наредната година. Производите како „Експедициите на Гугл“ имаат цел да ја направат зголемената реалност подостапна, со широк опсег на искуства достапни преку едноставни телефонски апликации. Навистина, „Експедициите на Гугл“ веќе нуди околу 900 различни експедиции, вклучувајќи ги и „Лувр“ и Монтеверест. Ова се работи што може да ги задржат учениците ангажирани и мотивирани за учење во иднина.

Персонализирано учење

Постојат многу ученици на кои им е потребно персонализирано учење, особено оние што имаат дислексија. Една од најдобрите работи во врска со технологијата денес е тоа што овозможува повеќе лични искуства за учење кои би можеле да им помогнат на децата што имаат дислексија или други состојби што им предизвикува различно учење. На пример, технологијата „Драгон Спик“ им помага на учениците со дислексија да ги „пишуваат“ нивните задачи со глас, обезбедувајќи дека нивните одговори не се ограничени од нивната способност да пишуваат. Дополнително на тоа, тие можат да учат преку аудиокниги наместо да се движат бавно низ текстовите. Со оглед на тоа што 20 отсто од населението страдаат од дислексија, ова е прилично голема работа. Во однос на трендовите на дигиталната трансформација во образованието, ова би можело да ја промени играта кај децата што имаат потреба од индивидуално учење за да напредуваат.

Интернет на нештата

Во минатото многу  едукатори се фокусираа на работи како што е енергетска ефикасност низ училиштата и кампусите кога станува збор за интернет на нештата. Тоа се големи придобивки, но може да има многу подобри. На пример, интернетот на нештата може да му овозможи на наставникот да ги сподели резултатите од тестовите со другите наставници и родителите во реално време, известувајќи ги за потенцијалните проблеми со кои сакаат да се соочат во училницата и дома. Може автоматски да следи кога е завршена домашната задача и може да собере податоци за тоа колку време му било потребно на ученикот да ја заврши задачата. Со овие информации наставниците ќе можат да стекнат подобро разбирање дали нивните методи функционираат, без разлика дали задачите се премногу тешки.

Вештачка интелигенција и големи податоци

Постои огромна можност во образованието да се отстапи од стандардизираните податоци за тестирање во помалку структурирани податоци што на наставниците ќе им помогне навистина да ги разберат учениците. Многу наставници ќе почнат да сфаќаат дека другите податоци што ги собираат за нивните индивидуални училници може да им кажат повеќе отколку тестирањата.

Безбедност


Повеќето од училиштата (посебно во Америка) поставуваат огромни врати за да ги заштитат учениците од насилство со оружје. Истото треба да се направи на дигитално ниво во однос на безбедноста. Колку почест станува технолошкиот пристап, толку повеќе треба да се фокусираме да ги задржиме учениците безбедни од сајбер-опасностите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија