X
 20.06.2016 Образование

Најдобрите наставници во историјата

Веројатно сте имале барем еден наставник или професор кој ви го променил животот на подобро. Без разлика дали тоа бил наставник од основно или професор на факултет, во чест на овие сакани луѓе кои влијаат на сечиј живот, им оддаваме чест на најдобрите учител во светот.



Хаиме Ескаланте


Филмот „Stand and deliver“ од 1988 е основан на вистинската приказна на Хаиме Ескаланте, боливиски имигрант кој предавал математика во средното училиште „Гарфилд“ во Лос Анџелес. Ескаланте бил строг професор. Неговите ученици доаѓале еден час пред почетокот на часовите и останувале долго по завршувањето на часовите. Но, интензивната работа се исплатела бидејќи сите студенти положувале на тестовите по математика. Поради добриот резултат, тие морале повторно да полагаат еден стандарден тест, кој повторно сите го положиле. Тој се пензионирал во 1991 и се вратил во Боливија. Починал на 79-годишна возраст во 2010 година.

Марија Монтесори


Методот на Монтесори е посебен пристап во образованието за деца со кој се практикува истражување, практични активности, независност и учење преку сетилата. Наречен е според д-р Марија Монтесори, италијанска докторка. Таа се интересирала во образовната теорија, посебно во методи кои се користат за воспитување деца со интелектуални и развојни проблеми. Таа станала директор на нов институт за специјално образование. Во 1907, таа отворила центар за грижа на деца во Рим. Таа создала специјална училница и материјали за учење и нејзиниот стил станал успешен. Наскоро, училиштата „Монтесори“ започнале да се отвораат насекаде низ Италија, а денес ги има и низ светот.

Ен Саливан


Саливан имала само 21 година кога започнала да ја подучува глувата, слепата и немата Хелен Келер да комуницира со надворешниот свет. Самата таа имала проблеми со видот и на училиште научила како да комуницира преку допир. Таа постигнала неверојатен напредок со нејзината млада ученичка.

Ричард Фајнмен



Д-р Ричард Фајнмен бил американски теоретски физичар кој работел на проектот „Менхетен“ и добил Нобелова награда во 1965 година. Тој бил и вешт професор по физика. Како млад, Бил Гејтс гледал видео од едно предавања на Фајнмен. Толку му се допаднало што ги откупил правата на сите предавања на професорот и ги направил бесплатни и достапни на интернет.

Мери Џејн Петерсон


Мери Џејн Петерсон, ќерка на робови-бегалци, станала првата афро-американка која добила факултетска диплома кога дипломирала на колеџот „Оберлин“ во 1862 година. Таа предавала на институт за афро-американци во Филаделфија. Подоцна, се преселила во Вашингтон, каде станала директор на средно училиште за афро-американци.
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование