X
 15.11.2022 Живот

Подрумските простории во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ се ставени во употреба како училници по сите стандарди и се опремени со греење, вели директорот

По објавувањето на текстот „Во училиштата се следат мерките за штедење и наставата ќе продолжи со физичко присуство“, добивме забелешки дека во некои училишта нема греење, дека парно се пушта само два часа, дека се штеди на средства за хигиена и слично. Посебно беше именувано училиштето „Ѓоргија Пулевски“ во Скопје.

„Децата ротираат по месец дена во подрум без греење и нормално постојано се болни. Но очигледно дневниците, мобилните, скапите лаптопи им се побитни наместо да се укинат во време на криза за децата да добијат услови нормални за следење настава“, пишува во еден од коментарите на читателите на „Факултети.мк“.

На забелешката веднаш се јави директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Марјан Јовановски, посочувајќи дека училиштето има донесено план за намалување на потрошувачката на електрична енергија и тој е објавен на огласната табла во самото училиште. Сите вработени се задолжени да го почитуваат.

- Дел од мерките се целосно да се исклучува осветлувањето во училиштето и на фасадите по заминувањето на учениците од училиштето, односно по завршувањето на наставата. Во училиштето нема да се користи осветлување во внатрешните простории и канцеларии во период кога има доволно светлина. Климатизерите во канцелариите се исклучени. Околу греењето во подрумските простории, тие се приклучени на централно греење и се опремени со радијатори како сите други простории во училиштето и во нив има греење. Се работи за две училници кои по 20 години под вода, санирани се и ставени во употреба по сите стандарди - ни посочи директорот Марјан Јовановски.


Подготвил: Сања Јачевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот