X
 11.12.2017 Живот

Словенија: идеалната дестинација за твоите студии!

Словенија, мала држава со многу природни убавини, сместена под Алпите и на брегот на Јадранското море. Најголем и главен град е Љубљана, која со околу 300.000 жителите претставува посебна административна единица и економски центар на државата.
 


Словенија како академска сила која расте има 5 универзитети, 48 самостојни високообразовни установи и 46 виши училишта. Студиските програми се реализирани по Болоњскиот процес, а секој програм е акредитиран од страна на Министерството за високо образование, наука и технологија. Универзитетските градови се Љубљана, Марибор, Копер и Нова Горица. Некои од вишите училишта се наоѓаат и во Цеље, Велење, Мурска Собота и Пиран.
Словенија нуди извонреден квалитет на високото образование за сите идни бруцоши, а за сите државјани на Република Македонија студиите се целосно бесплатни!
После запишувањето на посакуваниот факултет, студентите од Македонија добиваат дозвола за престој, која им го олеснува движењето во Шенген зоната. Љубљана е одлична почетна точка за некоја идна студентска авантура, бидејќи е инфраструктурно поврзана со сите европски градови.
За разлика од повеќето земји во ЕУ, студентите од Македонија можат да работат во Словенија сосема легално преку агенција која се вика студентски сервис. Заработените пари се сосема доволни да ги покријат сите трошоци на студентскиот живот. За многу од студентите од Македонија ова и ќе биде нивното прво работно искуство во ЕУ.

Словенија е и одговорна социјална држава, која на сите свои студенти им ги субвенционира исхраната и градскиот превоз. Тоа значи дека што се однесува за исхраната, за цена од неколку евра студентите можат да ручаат во некои од најдобрите ресторани, или ако им се брза, да јадат нешто набрзина во некој од бројните ланци со брза храна. Што се однесува до јавниот превоз, попустот за месечните карти е 50%.


 
Како и во другите држави на ЕУ, на сите студенти им се достапни меѓународните програми за студентски размени. Најпознатиот измеѓу нив е Еразмус+.
Клиентите на 2TM велат дека се извонредно задоволни со квалитетот на студиските програми, а и општо со начинот на живот во Словенија. Посебно ја истакнуваат можноста за наоѓање студентска работа, добрата мобилност, правото на користење студентски бонови за исхрана и друштвеноста на нивните словенечки пријатели.


 
Словенечкиот јазик е сличен на македонскиот и студентите од Македонија многу брзо го совладуваат. Покрај тоа, најголем дел од луѓето во Словенија добро разбираат англиски и српско-хрватски јазик. Треба да се спомене дека на словенечките факултети има се повеќе студиски програми, кои се достапни и на англиски јазик.

Дипломата стекната во Словенија е признаена во ЕУ, како и во скоро сите држави во светот. Тоа значи дека дипломантите кои ќе се одлучат да се вратат дома имаат поголеми можности да најдат работа во својата струка, а тие кои ќе се одлучат да одат понатаму подобар пласман на светскиот пазар на труд.
 


За повеќе информации за студиите во Словенија пишете ни на studiraj@2tm.si

Исто така можете да не најдете на Facebook страната 2ТМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот