Во Хонг Конг од утре стапува во сила забрана за носење маски за лице врз основа на законот за вонредни ситуации, најави лидерката Кери Лам, која истакна дека нема да биде воведена вонредна состојба по ескалацијата на насилство во градот.
Казната за носење маски е до една година затвор, а на демонстрантите ќе им биде забрането и да се цртаат по лицето за да го скријат својот идентитет.
Многу демонстранти носат маски во текот на антивладините протести, кои почнаа во јуни.
Насилството ескалира во вторникот, на 70-годишнината од Народна Република Кина, кога полицијата истрела околу 1.800 плотуни солзавец, 900 гумени куршуми и шест борбени куршуми, од кои еден повреди 18-годишно момче.
Извор: МИА