Хонг Конг официјално го надмина Њујорк по бројот на најбогати луѓе во светот. Така, тој забележа пораст од 31 отсто по бројот на ултра богати жители кои се „тешки“ најмалку 30 милиони долари. Во Хонг Конг постојат 10.000 милијардери, додека во Њујорк околу 9.000. Меѓу десетте градови со најбогати жители на светот се и Токио, Лос Анџелес, Лондон и Париз. Њујорк се задржа на прво место од 2011 година.
Меѓу најбогатите луѓе во светот кои живеат во Хонг Конг е и милијардерот Ли Кашинг, чие царство „Чеунг Конг“ ги контролира пристаништата, телекомуникациските мрежи и енергетски компании низ светот.
На глобално ниво, бројот на ултра-богаташи се зголеми за 13 отсто во 2017 година, па така сега има 250.000, со вредност од 31.5 билиони долари. Повеќето вакви богаташи заработиле помеѓу 30 и 100 милиони долари, додека 2.700 од нив минатата година забележале приходи од 1 милијарда долари. На листата на најбогати луѓе во светот, 14 отсто се жени.
Фото: Pixabay
Азија, благодарение на Хонг Конг и Кина забележа најголем пораст помеѓу ултра богаташите. Меѓу нивните најбогати жители се Џек Ма и Пони Мапо, основачите на „Алибаба“ и „Тенсент“.
-Динамиката на создавање на богатство е неверојатна - стои во извештајот.
Според проценките од минатата година, еден од седум луѓе кои живеат во Хонг Конг е милионер. Богатството на оние кои живеат во Хонг Конг го следат и цените на недвижностите. Високите цени по кои се продаваат станови и недвижнини го доживеале својот врв во ноември минатата година, кога се продал најскапиот стан во Азија, во вредност од 149 милиони долари. Исто така,
Хонг Конг го рушил и рекордот на цена на продажба на место за паркинг, па така едно место оригинално било купено за 430.000 долари, а потоа продадено по двапати повисока цена.