X
 24.01.2020 Живот

Најскапиот град за живот во светот

Според најновиот ранг, Хонг Конг е најскап град за живот.

Азиската метропола се најде на врвот на годишната анкета за меѓународна достапност за домување за 2020 година, која рангира 309 града од 8 земји низ светот за тоа колку се скапи домовите во нив.

Достапноста се мери со просечната цена на куќите поделена со просечниот приход на домаќинството.

Хонг Конг се најде на врвот со 20,8 поени, што значи дека просечните цени на куќите се 20 пати поголеми од вообичаените приходи на домаќинствата благодарение на големата владина контрола за новиот развој на имотот.

Ванкувер е на второто место, со 11,9 поени, а веднаш зад него е Сиднеј со 11 поени. Мелбурн (9,5), Лос Анџелес (9), Торонто и Оукленд (8,6), Сан Хозе во Калифорнија (8,5), Сан Франциско (8,4) и Лондон (8,2) се меѓу првите најскапи 10. града во светот за живот.

град

Анализирајќи ги сите нации, најевтините места за живот се наоѓаат во САД, при што цената на просечната куќа е четирипати повисока од просечниот приход на домаќинството. Рочестер во Њујорк е најевтин град, со 2,5 поени, а веднаш зад него се Оклахома Сити и Кливленд со 2,7 поени, Бафало, Синсинати, Питсбург и Сент Луис со 2,8 поени, Индијанополис и Хартфорд со 2,9 поени и Тулса со 3 поени.

Најскапите градови во светот:

1. Хонг Конг (20,8)
2. Ванкувер (11,9)
3. Сиднеј (11)
4. Мелбурн (9,5)
5. Лос Анџелес (9)
6. Торонто (8,6)
6. Оукленд (8,6)
8. Сан Хозе (8,5)
9. Сан Франциско (8,4)
10. Лондон (8,2)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот