Во наводно прво вакво истражување за однесувањето на оние што пишуваат пораки на мобилните телефони, научниците анализирале илјадници текстуални пораки и откриле изненадувачки факти за начинот на кој пишуваме.
Истражувачите под водство на Ксенија Палин од Универзитетот Алто во Финска создале тест за внесување текст што го полагале 37.370 испитаници. Тимот ги споредил добиените резултати со резултатите од слично тестирање на 168.000 учесници. Се покажало дека оние кандидати што ги користеле двата палци просечно пишувале 38 збора во минута.
Тоа е за 25 отсто побавно од 51 збор колку што во минута можат да напишат оние што користат тастатура. Стапката на грешки била неверојатно ниска, само 2,3 отсто. Истражувачите ова го припишуваат на алгоритамските методи, како што се предвидливиот текст и автоматското комплетирање на зборовите, кои го користат контекстот за подобрување на правописот, структурата на реченицата и граматиката.
Фото: Profimedia
Тинејџерите се подобри во пишување пораки, но пишуваат многу помалку од милениумците
Децата на возраст од 10 до 19 години биле најбрзи и на нивните паметни телефони можеле да напишат околу 40 збора во минута. За споредба, испитаниците што биле во нивните 20-ти пишувале околу 37 збора во минута, а триесетгодишниците само 32 збора. Се претпоставува дека тоа што најмладите напишале најмногу зборови е затоа што тие се најдобро запознаени со паметната тастатура бидејќи на неа ги напишале своите први зборови.
А зошто пишуваат помалку од постарите групи? Платформите со кои најмногу се служат, како „ТикТок“ и „Снепчет“ првенствено се визуелни. Миелниумците, пак, повеќе користат „Твитер“ и „Фејсбук“, каде што текстот е еднакво важен колку сликата.
Традиционалниот начин на учење пишување развива специфична мускулна меморија. На тастатурата од компјутерот копчињата се лесно достапни. На паметниот телефон, пристапот до буквите и знаците бара промена на форматот и екранот, што го забавува пишувањето, ако не сте навикнати на таков начин на работа.
Побрзо се пишува со палците?
Таканареченото „swiping“, повлекувањето на прстите на екранот, ја зголемуваат брзината, но сè уште нема истражување за тоа дали се пишува побрзо отколку при користењето на палците. За брзо пишување, подобро е да се користи автокорекцијата отколку предвидувањето на зборот.
Создавање подобри тастатури?
Секако, но луѓето од некоја причина и понатаму ѝ остануваат верни на тастатурата QWERTY, иако постојат далеку поефикасни опции. Алтернативниот распоред на тастатурата ја оптимизира
позицијата на знаците, така што почесто користените копчиња се наоѓаат поблиску до палците. Но, иако ги сакаме брзината и ефикасноста, ѝ остануваме верни на QWERTY бидејќи сме навикнале на неа.