Претприемачот Викас Гупта е извршен директор на компанијата „Jambool“ за која „Google“ беше заинтересирана во 2010 година. Токму овој период тој и неговата сопруга добија мало девојче.
За да го прослави неговиот живот, Гупта и неговата сопруга дале отказ од на работа за да патуваат низ Европа и да и` ги покажат на нивната ќерка убавините на светот.
Но, како што тој гледал во очите на неговата ќерка, тој започнал да се прашува што доаѓа следно. Знаел дека патувањето низ светот нема да трае засекогаш.
Тогаш сфатил дека треба да се врати назад на работа за да ја научи својата ќерка нешто што за него била голема страст: кодирањето.
Гупта верува дека технологијата за учење е есенцијална, но моментот на просвелтување му дошол тогаш кога забележал што другите земји прават за да им помогнат на младите ученици да го прифатат технолошкиот свет.
И не, тоа не значи дека детето треба да е залепено за таблетот или уредот и со часови игра „Angry Birds“ туку значи учењето на децата да ја контролираат технологијата која ја користат, а не обратно.
На пример, Естонија ги учи првоодделенците како да кодираат. За разлика од тоа, Гупта забележал дека 90% од средните училишта не нудат лекции за компјутерски науки. Не треба да си компјутерски генијалец за да сфатиш дека веројатно и основните училишта во Америка не ги учат децата компјутерска наука.
„Скав да пронајдам решение со кое ќе се заинтересираат децата и кое ќе биде ефективна алата за нив за да научат да кодираат сами“, вели Гупта.
Решението кое го пронашол е робот. Неодоливи, високо интелигентни роботи. Тој ја создал компанијата
„Wonder Workshop“ која користи роботи за да ги научи децата на начин на кој првоодделенците би можеле да сфатат.
Даш е робот кој децата можат да го програмираат да танцува, да се трка и да има различни авантури користејќи го интерфејсот и бесплатната апликација на компанијата. Роботот доаѓа препрограмиран со различни звуци и може да идентификува нечиј глас.
Дот, малата сина топка на врвот е „мозокот“ на роботот. Децата можат да го кодираат за да играат 100 различни игри користејќи ја апликацијата.
„Роботот не само што е создаден да расте и да учи со децата, туку и самите деца можат да кодираат свои програми и да ги персонализираат роботите според нивните личности“, вели Гупта.
„Роботите решаваат проблеми со кои се соочуваат повеќето родители, деца и наставници. Тие кај децата предизвикуваат интерес за компјутерката наука без таа да биде досадна и комплицирана“, вели Гупта.
Роботите дури и го привлекоја вниманието на Мелинда Гејтс која роботот го наречен „најзабавниот начин за одржување на вештините за кодирање преку роботиката“, а ја поддржа и нејзиниот сопруг.