Замислете да сте уличен уметник и наеднаш да се најдете во карантин. Да, станува збор за Бенкси - и тој, како и третина од населението во светот, останува дома.
Кога урбаните простори и бетонските платна веќе не се опција, уметникот најде домашна алтернатива за да ја покаже својата вештина. Бањата и не звучи како најинспиративното место, но
Бенкси го покажува токму спротивното. На 15 април Бенкси објави неколку слики на кои рачно нацртани стаорци ја растураат неговата бања. Насловот на неговиот инстаграм-пост гласи: - Мојата сопруга мрази кога работам од дома.