X
 08.09.2019 Живот

Споменик на мегаломанијата: Нацистичка градба станува најдолгиот хостел во светот

Хитлеровиот комплекс на островот Риген, планиран за 20.000 гости, е бизарно историско наследство.

Репортерка на „Дојче веле“ во 2005 година таму затекнала урнатини, но кога оваа година повторно го посетила, се изненадила. Во 30-тите години на 20 век Хитлер го изградил објектот чија цел била 20.000 луѓе да го користат како одморалиште преку организацијата „Сила низ одмор“. Задачата на објектот била стандардизирање и контрола на слободното време на Германците. Сите 10.000 соби требало да имаат поглед кон морето и токму поради тоа градбата е толку долга.

„Прора“ е проект што сведочи за мегаломанијата на нацистичката влада. Но, исто така и за нејзината неспособност. Комплексот никогаш не бил отворен. Ниту еден турист никогаш не престојувал во таканареченото „Одморалиште 20.000“. Наместо тоа, зградите што дотогаш биле изградени биле користени за воени цели, како касарни - прво за Рајхот на Хитлер, а потоа за Источна Германија.

По падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на Германија, комплексот се стекна со статус на историски споменик. Во него биле преселени музеите и уметничките ателјеа. Но, поголем дел од најдолгиот комплекс од ваков вид едноставно пропаднал.

2
Фото: Shutterstock

- Во 2018 година „Прора“ и официјално стана одморалиште. Блокот II од овој комплекс не можам да го препознам. Сега е обоен во бело, а балконите се од стакло. Во тој дел се наоѓа луксузен хотел. Овој пат не пешачам, туку комплексот го заобиколувам со велосипед. Денес тука може да се изнајми велосипед, а има и и фризерски салон, еден бутик, неколку кафулиња, ресторан и пекарница - раскажува новинарката од „Дојче веле“.

Има и центар каде што може да се види „Прора“ од 2004 година.

- Овде дојдовме поради преубавата локација, директно на плажа. А и местото е добро поврзано со воз - велат сопружници кои со 13-годишниот син дошле тука да летуваат.

- Бидејќи веќе неколку пати бевме тука, сакаме да дознаеме нешто повеќе за историјата на ова место - додаваат тие.

Најдолгиот хостел во светот

Другите делови од градбата сè уште не се завршени. На пример, ќе бидат отворени супермаркет и лекарска ординација. Во еден од блоковите се работи на станови за стари лица. „Прора“, неговото минато, неговата архитектура и реставрацијата - сето ова останува контроверзно.

Некои посетители сметаат дека комплексот е депресивен. Други се среќни што не е срушен. И тука почнува дискусијата. Контроверзниот комплекс е тема на многу разговори.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот