Toм Хенк неодамна изјави дека само четири филма што ги снимил се добри, што бара опсежна анализа кои се тие филмови.
Том Хенкс неодамна го напиша романот „The Making of Another Major Motion Picture Masterpiece“, кој ќе биде објавен во мај 2023 година. Дејството на романот трае 80 години и се однесува на стрип што на крајот е адаптиран во филм. Во најавата за филмот Хенкс објави кратка изјава.
Не само што Хенкс ја користи изјавата како доказ дека знае што прави кога станува збор за романот, туку и ги зачуди Холивуд и љубителите на филмот со неговата изјава: „Снимив еден тон филмови (и само четири од нив се прилично добри)“.
Да претпоставиме дека Хенкс е искрен и да избереме, па кои би можеле да се тие четири филма?
Еден филм на кој Хенкс дефинитивно не се повикува е „Човекот со еден црвен чевел“ (The Man with One Red Shoe) од 1985 година. Тој никогаш не го криеше презирот кон овој шпионски трилер, за кој во 1989 година изјави: - Не е многу добар филм. Нема вистински, јасен фокус. Не се работи за нешто што можете искрено да го разберете. Воопшто не заработи пари.
Меѓу четирите добри филма не е ниту „Оган од суети“ (The Bonfire of the Vanities), адаптација на Том Волф што доживеа пропаст во 1990 година. По две децении од премиерата, Хенкс изјави дека сите актери добиле грешни улоги, вклучувајќи го и него.
Се исклучува и „Спасувајќи го војникот Рајан“ (Saving Private Ryan), за кој Хенкс во една пригода изјави дека е ужасен, ужасен филм, како и „Драгнет“ (Dragnet) за кој вели дека му е одбивен. Уште од поодамна е очигледно дека филмовите од серијалот „Кодот на Да Винчи“ воопшто не му се допаѓаат.
Минатата година Том Хенкс беше гостин на поткастот на Бил Симонс и наведе некои од филмовите што мисли дека се добри. Таму го спомена „Сопствена лига“ (A League of their Own), затоа што цело лето го поминал играјќи бејзбол, како и „Бродолом на животот“ (Castaway) затоа што имал одлични храбри авантури додека го снимал филмот, и „Клауд атлас“ затоа што бил снимен со надеж и сон и ништо друго освен љубов.
Вреди да се напомене дека Хенкс ги избрал филмовите врз основа на искуството додека ги снимил, а не какви се навистина тие. Со ова, останува само еден мистериозен филм што Хенкс го рангира над сите други. Цврстата претпоставка на новинарот од „Гардијан“ е дека станува збор за „Таа работа што ја правиш“. Не само што Хенкс го напиша, режира и глумеше во овој филм, туку е и еден од филмовите што често ги споменува на интервјуата, а во една пригода рече дека снимањето на овој филм е најголемото работно искуство во неговиот живот.
Секако, Том Хенкс има направено многу повеќе од четири добри филма, но четирите наведени погоре веројатно му се омилените.
Извор:
The Guardian
Фото: Screenshot/YouTube