Историчарите се поделени околу точното место на раѓање на филмот, но Европа секогаш била значајна сила во еволуцијата на кинематографијата. Следуваат неколку европски филмови за оние што сакаат да направат пауза од комерцијалните холивудски наслови.
„Ноќна градинка“ (Night nursery)
Новиот документарен филм се одвива во близина на главниот град на Буркина Фасо, во место на кое секоја ноќ проститутките ги оставаат децата кај постара госпоѓа која ги чува додека тие работат.
„За телото и душата“ (On body and soul)
Станува збор за љубовна приказна помеѓу двајца повлечени аутсајдери кои на необичен начин ги имаат истите шумски соништа. Необичниот пар се запознава зад кланица, а таму се одвива целата приказна.
„4 месеци, 3 недели и 2 дена“ (4 months, 3 weeks and 2 days)
Приказната е сместена во времето на Чаушеску, во Романија. Две студентки мора да се снаоѓаат во страшен свет за едната од нив да направи нелегален абортус.
„Зборувај со неа“ (Talk to her)
Приказна за двајца мажи кои се врзуваат за жена која е во кома, а која тие ја чуваат. Ова е филм на Педро Алмодовар.
„Дебела девојка“ (Fat girl)
Филмот е за две сестри кои не се согласуваат. Се јавуваат последици откако 12-годишната сестра гледа како нејзината 15-годишна сестра ја губи невиноста.
„Патувачките актери“ (The travelling players)
Група актери се на турнеја во Грција. Камерата ги покажува деловите од Грција помеѓу 1939 г. и 1952 г.
„Персона“ (Persona)
Филмот е дело на Ингмар Бергман, а се смета за еден од неговите најдобри филмови. Сепак, тој не е како неговите типични филмови, туку ја разгледува темата за двојните карактери.
Извор:
Novosti
Фото: Screenshot/Youtube